Намалување односно укинување на трошоците на субјектите за регистрација на фирма се предвидува со новата реформа усвоена со владата чија цел е поедноставување на постапките и процесите за основање на фирма во Централниот регистар. Со новата реформа се дава можност субјектот кој сака да основа фирма тоа да го направи и преку специјализирани регистрациони агенти кои се ново предвидена можност со законските измени кои се веќе усвоени од страна на Владата и се веќе во собраниска процедура. Регистрационен агент може да биде субјект кој ќе поднесе барање до Централниот регистар за добивање на овластување за вршење дејност на регистрационен агент и притоа да ги исполнува предвидените услови. Реформата е димензионирана за да може регистрациони агенти да бидат сметководителските друштва, односно секој субјект (сметководител), кој има добиено лиценца за вршење на дејноста.
Намалување односно укинување на трошоците на субјектите за регистрација на фирма се предвидува со новата реформа усвоена со владата чија цел е поедноставување на постапките и процесите за основање на фирма во Централниот регистар.
Со новата реформа се дава можност субјектот кој сака да основа фирма тоа да го направи и преку специјализирани регистрациони агенти кои се ново предвидена можност со законските измени кои се веќе усвоени од страна на Владата и се веќе во собраниска процедура.
Регистрационен агент може да биде субјект кој ќе поднесе барање до Централниот регистар за добивање на овластување за вршење дејност на регистрационен агент и притоа да ги исполнува предвидените услови.
Реформата е димензионирана за да може регистрациони агенти да бидат сметководителските друштва, односно секој субјект (сметководител), кој има добиено лиценца за вршење на дејноста.
Доколку некој субјект сака да основа фирма, тогаш тоа што треба да го направи тој субјект е да отиде кај сметководител кој има добиено овластување да биде регистрационен агент, и да изјави волја да основа и регистрира фирма и да се идентификува.
Сметководителот-регистрационен агент во име на субјектот кој сака да основа и регистрира фирма ќе ги преземе сите понатамошни чекори за впишување на фирмата во Централниот регистар, односно ќе ги обезбеди и пополни пријавата и прилозите кон пријавата и ќе ја поднесе пријавата по електронски пат.
На тој начин субјектот кој сака да основа и регистрира фирма ќе го направи тоа без никаков трошок, бидејќи сметководителот-регистрационен агент нема да му наплати за неговиот труд и нема да има трошок за регистрација затоа што сметководителот веќе поседува електронски дигитален сертификат за потпис за поднесување на документација по електронски пат, кој се разбира го користи за други видови работа во врска со неговата дејност и претходно.
Сметководителот-регистрационен агент ќе има овластување пријавата и прилозите кон истата изворно да ги достави , да ги потпише со негов електронски потпис и да ги поднесе. Сметководителот-регистрационен агент во постапката за упис покрај поднесување на пријавата ќе има овластување да го утврдува идентитетот на учесниците, а секоја пријава поднесена од негова страна ќе биде третирана како веродостојна, односно оригинална.